
ФОТО| Наградите БАФТА собраа бројни познати личности: На црвениот тепих преовладуваше гламур и елеганција
Бројни познати личности прошетаа на црвениот тепих на филмските награди БАФТА 2025 година во лондонската кралска фестивалска сала.
Препорачано
Церемонијата на доделување на наградите, која често е претходник на Оскарите, ги прослави најдобрите филмски достигнувања на годината, а водител беше Дејвид Тенант.


Церемонијата на доделување на наградите привлече бројни познати личности, меѓу кои и Аријана Гранде, која пристигна во фустан на Луј Витон со длабоко деколте. Додека Тимоти Шаламе се одлучи за црн костум од Ботега Венета (Bottega Veneta).


Селена Гомез на црвениот тепих во Лондон се појави во гламурозна тоалета на Скиапарели, а Деми Мур го украде шоуто во тоалета на Александар Меквин обложена со кристали.

Актерката Синтија Ериво се врати во родниот град за да присуствува на доделувањето на наградите БАФТА. Таа беше номинирана за главна актерка за нејзината улога во хит филмската музичка адаптација „Злобница“. Таа носеше чипкаст фустан од Луј Витон со структуриран преден дел кој беше подигнат „високо до небото“.


Еден од похрабрите изгледи на вечерта беше тој на Колман Доминго, кој се одлучи за свилена кошула од Версаче и кожена мантил чија внатрешност беше украсенба со животински принт. Сирша Ронан се одлучи за минималистички сатенски изглед во фустан од Луј Витон.

На црвениот тепих на БАФТА се појави и Памела Андерсон и уште еднаш го привлече вниманието со својот природен изглед без шминка. Таа за оваа пригода избра бел фустан од Jacquemus.
Забележително отсутни беа Вилијам и Кејт, принцот и принцезата од Велс, кои летаа со своите деца на нивниот приватен карипски остров Мустик за полугодишниот училишен распуст. Кралскиот пар последен пат заедно присуствуваше на БАФТА наградите во 2023 година, додека Вилијам сам присуствуваше на церемонијата на доделување награди минатата година.