Фото: Икс / Инстаграм

ФОТО | На 33 преживеав повеќе од некои луѓе на 90 години: Тажна исповед на девојчето кое ја пееше „Чаје шукарије“ со Чолиќ

Девојката Ивана Легин се прослави низ целиот Балкан кога со Здравко Чолиќ ја отпеа култната песна „Чаје шукарије“.  Иако поминаа триесет години од кога Ивана кажува дека татко ѝ ја нарекува злато и дека „кога ќе порасне ќе се омажи за Здравко Чолиќ“, таа никогаш повеќе не се појави во медиумите. Моментално живее и работи во Австралија и се занимава со режија, продукција и маркетинг.

По избувнувањето на војната, Ивана го доживеала бегалскиот живот.

„Штом се навикнавме на едно училиште и начин на живот, се најдовме во друга средина со нов јазик и култура. Не беше лесно, но ваквите искуства дефинитивно не прават посилни. Малите лузни секогаш ќе бидат присутни, понекогаш чешаат или се воспалуваат, обично кога најмалку го очекуваме тоа, сепак, гледам на тоа како на проживеан живот и кога таа лузна ме чеша, само ме потсетува дека на 33 преживеав нешто што многумина не го доживеале ниту на 90 години.“, изјави Ивана за едно интервју.

Нејзината кариера беше прекината од војната, а потоа јавниот живот повеќе не ја привлекуваше, иако одиграла неколку аматерски улоги во Австралија.

Како девојче вели одлично се забавувала додека снимала со Чола, а се сеќава дека го задевала еден од најпопуларните музичари во Југославија за неговата фризура.

„Се сеќавам дека снимав во студио со Здравко каде што го задевав дека е девојче затоа што има толку долга коса. Ми се чини дека го смени имиџот за таа плоча затоа што на албумот е убаво залижан со пократка коса. Можеби мојата забелешка имаше ефект“, рекла таа во една прилика.

А вака изгледа црвенокосото девојче денес:

Ивана пред неколку години го сретнала Здравко Чолиќ во Мелбурн, каде што евоцирале спомени од едно убаво време кое го поминале заедно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот