Фото: Изет Меџити / Фејсбук

ФОТО | „Мултитаскинг“-Меџити: сече ленти како кандидат за градоначалник во работно време на вицепремиер и министер

Во настан кој личеше на предизборен, вицепремиерот, министер за животна средина и осведочен борец против коцкањето и другите пороци, Изет Меџити, денеска во својство на кандидат за градоначалник на Општина Чаир, ја отвори новата градинка „Бамби“ во скопската населба, која ќе има капацитет за 350 деца.

Далеку пред официјалниот почеток на официјалната предизборна кампања, Меџити, како и неговите колеги од сите партии, наголемо ја тера својата кампања за прв човек на Чаир, кој тој го предводеше и во минатото. Меџити во градинката беше во друштво на актуелниот градоначалник на Чаир, Висар Ганиу.

Фото: Изет Меџити / Фејсбук

Иако се најавени групи за деца и на бошњачки и турски јазик, на денешниот настан во Чаир доминираше албанската иконографија, со деца облечени во носии. Се зборуваше само албански, а Меџити за настанот информираше преку „Фејсбук“, исто така во објава само на албански јазик.

Фото: Изет Меџити / Фејсбук

„Најголемата градинка во Македонија денес ги отвори своите врати за децата, во срцето на Чаир. Модерен простор, изграден со љубов за нашите најмали. Ние не зборуваме празни зборови, ние работиме. За Чаир, за граѓаните, за нашата земја. Честито, мој Чаир!“ – напиша Меџити на „Фејсбук“.

Меџити на денешниот предизборен настан за локална функција се појави во работното време на неговите функции во централната власт, вицепремиер и министер.

Изет Меџити – прв вицепремиер, министер за животна средина и кандидат за градоначалник на Чаир во едно

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот