Фото: Принтскрин/Јутјуб

ФОТО | Му велеа да ја остави, а неговите зборови полни со љубов треба секоја жена да ги слушне

Познатиот холивудски пар Пирс Броснан и Кили Шеј Смит и денес не престануваат да ja интригираат јавноста, иако поминаа години и години од почетокот на нивната љубов.

Кили која извесен период се бореше со килограмите, успеа да ослабе 45 килограми, а Броснан постојано беше покрај неа и ја бранеше сопругата кога таа беше мета на лоши коментари поради изгледот.

Но, ниту тоа што Кили успеа да се трансформира не ги задоволуваше критериумите на бројните коментатори на социјалните мрежи, па сега ја нападнаа како е уште една од оние што кои користат Оземпик.

Фото: Принтксрин/Јутјуб

Во една објава која е избришана, некој споредил како нејзиното тело се променило од моментот кога го запознала Броснан во 1994 година до денес, на што самиот актер одговорил.

„Пријателите и понудија операција за намалување на килограмите. Но, јас многу ја сакам секоја облина на нејзиното тело. Таа е најубавата жена во моите очи. А и затоа што ги роди нашите пет деца. Во минатото навистина ја сакав поради нејзината личност, не само поради нејзината убавина, а сега ја сакам уште повеќе затоа што е мајка на моите деца. Многу сум горд на неа и секогаш се трудам да бидам достоен за нејзината љубов“, напишал Броснан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот