Младите ги едуцираа повозрасните за заштита на шумите / Фото: „Слободен печат“, Слободан Ѓуриќ
ФОТО | Младите ги едуцираа повозрасните за заштита на шумите во училница на отворено
К.И.
Пред
Плоштадот Македонија во Скопје денеска се претвори во училница на отворено при што младите ги едуцираа повозрасните за заштита од пожар на шумите и другите отворени површини во нашата земја. Дечиња од општините од скопскиот регион делеа флаери и им објаснуваа на граѓаните за начинот и за важноста за заштитата од пожар на шумите.
Младите ги едуцираа повозрасните за заштита на шумите / Фото: „Слободен печат“, Слободан Ѓуриќ
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), во пресрет на летниот период ја поддржува Кампањата на Противпожарниот сојуз на Град Скопје, којашто има за цел заштита од пожар на шумите во Скопје и во околните туристичко-излетничките локации во општините во Скопско.
Младите ги едуцираа повозрасните за заштита на шумите / Фото: „Слободен печат“, Слободан Ѓуриќ
Кампањата, како што истакна претседателот на Противпожарен сојуз на Град Скопје, Петар Плотников, е со едукативно-превентивна вредност и има за цел придонес за развој на општата и противпожарна култура меѓу младата и секако на воэрасната популација.
Младите ги едуцираа повозрасните за заштита на шумите / Фото: „Слободен печат“, Слободан Ѓуриќ
Притоа беше истакнато дека соработката и координацијата со ДЗС преставува значаен придонес во заштитата од пожари на граѓаните, шумите и други материјални добра во скопскиот регион, а секако и пошироко во нашата држава.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Фамилијарните одмори и патувања за неа имаат посебно значење. Како најинтересни ги издвојува моментите поминати во автомобил кога патувале до некое ново место. Премногу била љупопитна како дете и поставувала многу прашања, па затоа и често и купувале енциклопедии, а за време на патувањата родителите „ја испрашувале“, открива за „Мое лето“, пратеничката и поранешната министерка …
Замислете дека сте затворени во соба од која единствениот начин за излегување е код кој се крие некаде во загатките. Доколку сакате авантура, адреналин, фанатици сте на авантуристички или хорор филмови, во Скопје се крие едно место идеално за вас! Станува збор за „Ескејп рум“, совршено место за забава за оние кои сакаат да истражуваат …