
ФОТО | Мерил Стрип преживеала вистинска драма при евакуацијата од пожарите во Лос Анџелес
Холивудската ѕвезда Мерил Стрип мораше да ги преземе работите во свои раце при евакуацијата од големиот пожар кој го зафати Лос Анџелес. Имено, Мерил беше евакуирана на почетокот на овој месец, откако мораше да ја пресече оградата на соседот за да избега.
Препорачано
Нејзиниот внук Абе Стрип, кој исто така е соработник на „Њујорк магазин“, напиша во приказна објавена во вторникот дека на актерката оскаровка и било наредено да се евакуира на 8 јануари, ден по избувнувањето на пожарите во населбите Палисадес и Итон.
Кога Стрип се обидела да замине, открила дека големо дрво паднало на нејзиниот пат, блокирајќи и го единствениот излез.
„Одлучна да побегне, позајмила секачи за жица од соседот и направила дупка со големина на автомобил во оградата што ја делела со соседите од другата страна и поминала низ нивниот двор, со што успеала да избега“, се наведува во приказната.
So, don’t mess with Meryl Streep https://t.co/cptD53tVm1 pic.twitter.com/45YZv6iMkO
— Lauren Milberger (@LaurenMilberger) January 28, 2025
Пожарите на Палисадес и Итон се сметаат за најразорните пожари во историјата на Лос Анџелес. Жителите во овие области продолжуваат да се борат со штетите и траумите предизвикани од пожарите.
Во пожарите во Лос Анџелес без покрив над главата останаа бројни познати личности, меѓу кои Парис Хилтон и Ентони Хопкинс.
Иако официјалните процени на штетите сè уште се во тек, Калифорниското одделение за шумарство и заштита од пожари проценува дека повеќе од 16.200 објекти се оштетени или уништени во пожарите.