
ФОТО: Мароко го сака финалето на СП во 2030 – гради стадион со капацитет од 113.000 седишта
Светското фудбалско првенство во 2030 година за првпат ќе се одржи три континенти, Африка, Европа и Јужна Америка.
Препорачано
Покрај Шпанија, Португалија и Мароко, каде што ќе се играат најголемиот дел од натпреварите на турнирот, Уругвај, Аргентина и Парагвај ќе бидат домаќини на првите три мечеви во групите во кои ќе бидат овие јужноамерикански селекции, а сето тоа по повод стогодишнината од првото Светско првенство што се одржа во Уругвај.
Се најавува финалето на Мундијалот во 2023 да се игра на реновираниот стадион „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид. Но, Мароканците не мислат така, туку планираат да изградат нов и еден од најголемите стадиони во светот во близина на Казабланка. Мароко има намера да го изгради најголемиот стадион во Африка или вториот најголем стадион во светот.
? | OFFICIAL:
Morocco will build the LARGEST STADIUM IN AFRICA and the 2ND LARGEST STADIUM IN THE WORLD ??
Location: Benslimane (near Casablanca) ?
Capacity: 113,000 spectators ?
Start of work: 2025 ?
End of work: 2028 ✅
Total cost: $500M ?World Cup 2030 Final? pic.twitter.com/kitbRyp7SO
— Moroccan Players ???? (@JMA_EN) October 20, 2023
Почетокот на проектот во градот Бенслиман е веќе закажан, а изградбата на фудбалскиот објект со капацитет од 113.000 седишта треба да започне во 2025 година.
Според пресметките, изградбата треба да трае три години и да чини околу 500 милиони долари.