Фото: instagram.com/FFMacedonia/

ФОТО: Македонија ги почитува мерките за дистанца, единствена од соседите ќе игра на ЕП

Фудбалската репрезентација на Македонија обезбеди пласман на Европското првенство кое ќе се одржи идната година во 12 града на стариот континент.

Македонија е една од 24. репрезентации кои ќе играат на ЕП, а мапата на земји учеснички носи интересен детал, ниту еден од нашите соседи нема да учествува на Европското првенство.
Најблиску до пласман беше селекцијата на Србија која во вчер
ашниот бараж загуби во Белград од репрезентацијата на Шкотска и тоа во пенал рулетот.
Токму поради тоа, македонските фанови се шегуваат на социјалните мрежи, велејќи дека Македонија ги почитува мерките за заштита од пандемијата на коронавирусот, односно држи дистанца од соседите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!