Фото: EPA-EFE/SARAH YENESEL

ФОТО | Мајката на Илон Маск на 76 години прошета по пистата на модната недела во Њујорк

Меј Маск, мајката на Илон Маск, привлече внимание на модната недела во Њујорк со ревија за брендот Јузуи. Овaa 76-годишнa манекенка влезе во светот на модата пред повеќе од 50 години.

Фото: EPA-EFE/SARAH YENESEL

Споменатиот бренд Меј го опиша како олицетворение на безвременската елеганција. Носеше проѕирен топ, долго здолниште украсено со светки и јакна со пердуви. Кратката коса е нејзин заштитен знак, а својот изглед го комплетираше со едноставна шминка.

Иако Меј претходно соработуваше со други брендови како Долче и Габана, Кристијан Сирано и Филип Плејн, Јузуи има посебно место во нејзиното срце.

Фото: EPA-EFE/SARAH YENESEL

Имено, таа веќе неколку сезони соработува исклучиво со дизајнерката Таореј Ванг, која креира за Јузуи.

Фото: EPA-EFE/SARAH YENESEL

Нејзиниот син Илон Маск привлекува внимание со своето контроверзно однесување, но таа сепак ја покажува својата поддршка за него на Икс.

„Дури и моите пријатели демократи се возбудени за иднината на Америка. Збунета сум, но и среќна“, напиша таа на гореспоменатата социјална мрежа кон крајот на јануари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот