Маја Беровиќ/Инстаграм

ФОТО | Maja Беровиќ ги разнежни сите: Објави прва фотографија од синчето Лав

Пејачката Маја Беровиќ се породи пред неколку дена во болница во Грац, Австрија, а среќните родители му го дадоа името Лав на малечкото бебенце.

Таа го роди првото дете во Австрија, каде со години престојува. Со сопругот Ален се во брак пет години, а во врска се многу подолго. По долго време им се оствари желбата и сонот да станат родители. Бебето кое се роди го доби името Лав, а за ова име родителите долго размислувале.

ФОТО | Се породи пејачката Маја Беровиќ: Синчето доби интересно име

Пејачката на социјалните мрежи се огласи дека одамна посакувала да стане мајка, но Лав дошол во вистинскиот момент.

Таа сподели на својот инстаграм-профил, „стори“ од болничката постела во која го гушка малечкото бебенце и напиша: „Бебе Лав, 21.02.2022“

Маја Беровиќ/Принтскрин/Инстаграм
Маја Беровиќ/Принтскрин/Инстаграм

Фановите ги разнежни со фотографијата, а претходно изјави:

„Кариерата ја градев постапно, а да се посветев тогаш на мајчинството, немаше да го постигнам ова што сум денес. Но, направив многу. Сега се будам со желба да имам нешто што е дел од мене“.

Па, желбата е конечно реалност за Маја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот