
ФОТО | Маџир Маало се „скраси“ со нова мини-депонија
Во скопската населба Маџир Маало, поточно на улицата Петричка „никна“ нова мини-депонија која со денови целосно го узурпира тротоарот и улицата.
Препорачано
Од фотографиите кои ги доби „Слободен печат“ може да се забележи дека камионче на ЈП „Комунална хигиена-Скопје“ со денови, ако не и недели нема пројдено на оваа локација.

Освен количината на отпадот и нехигиената која владее на овој простор од 15-тина квадратни метри, загрижувачка е и состојбата во која се наоѓа големиот контејнер, кој е скршен и се распаѓа, а според фотографиите, за скоро „му се гледа крајот“ и може целосно да колабира, со што жителите на овој дел од населбата ќе останат и без единствениот контејнер каде можат да го депонираат секојдневниот отпад.
Жителите на населбата бараат итна реакција на комуналците да го соберат и расчистат ова ѓубриште, кое за жал е едно од десетиците кои ги има низ главниот град.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
3мин
-
36мин
-
40мин
-
40мин
-
47мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5