Фото; Принтскрин / Инстаграм

ФОТО | Љубовта цвета за Марко Бошњак: Хрватскиот претставник на Евровизија за првпат го покажа своето момче

Пејачот Марко Бошњак, кој ја претставуваше Хрватска на овогодинaшната Евровизија, за првпат сподели фотографија со своето момче на социјалните мрежи.

Иако претходно откри дека е во врска со Шпанецот, со кого живее во Загреб, дури сега ги објави своите први заеднички фотографии на Инстаграм.

– Дури по 13 плажи најдовме празна – објави тој на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marko Bosnjak (@markobosnjaak)

Сцените открија дека двојката уживала во едрење по Јадранот, каде што го поминуваат заедно одморот.

Марко е во врска со мистериозниот Шпанец две години, а во коментарите под објавата доби голем број позитивни коментари и добри желби за успешно продолжување на врската.

– Не сме во врска на далечина. Уште од самиот почеток ми беше важно да бидеме физички присутни еден за друг и реков дека не можам да изградам таква врска од далеку. Потоа се пресели во Хрватска и оттогаш живееме заедно во Загреб – изјавил тој за „Стори“.

„Ѕвездичката на Пинк“ порасна: Работам во сендвичарница за да преживеам

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот