
Фото | Лилјак со големина на човек ги преплаши корисниците на социјалните мрежи
Социјалните мрежи се згрозени од лилјак со „човечка големина“.
Препорачано
Корисникот на Твитер @AlexJoestar622, објавил фотографија на која се гледа како екстремно голем лилјак со црни крила виси наопаку, закачен пред неој објект, пренесува „Њујорк пост“(Nypost).
Фотографијата е направена на Филипините и на неа се гледа огромниот лилјак како спокојно си виси во едно место.
Remember when I told y’all about the Philippines having human-sized bats? Yeah, this was what I was talking about pic.twitter.com/nTVIMzidbC
— hatdog² (@AlexJoestar622) June 24, 2020
„Се сеќавате кога ви кажав дека Филипините имаат лилјаци со човечка големина? Да, ова беше она за што зборував“, напишал корисникот на Твитер покрај фотографиите од животното.
Сепак, некои корисници на Твитер се сомневале во очигледните димензии на ѕверот.
Еден напишал дека положбата на лилјакот е всушност трик за фотографирање , правејќи предметите да изгледаат поголеми отколку што се, со употреба на присилна перспектива. Други мислеле дека фотографијата е фотошопирана , дури едно лице тврдело дека „ја нема сенката од лилјакот“, а „жицата на која е закачен не се ни оптегнува од тежината“.

Но, имало и одредено појаснување во одговорите на твитот, со тврдења дека ѕверот всушност бил џиновска летечка лисица со златна круна , позната и како лисица лилјак.
Летечките лисици се еден од најголемите видови на лилјаци што јадат овошје и се наоѓаат на тропските острови околу Азија и Австралија. Нивниот распон на крилјата може да достигне пет метри, а нивните тела може да бидат долги до 40 сантиметри.
Еден корисник на Твитер забележал дека суштеството е навистина реално.
„Здраво од Филипините. Можам да го потврдам ова, тие имаат широк распон на крилјата, но телата не се навистина толку големи, повеќе или помалку како куче со средна (малку помала) големина“, коментирал корисникот.
„И да, тие јадат само овошје, особено гуава. И тие се навистина нежни“, продолжил корисникот.
Други се тешеле со фактот дека суштествата се тревопасни животни. Сепак, некои ги сметале за застрашувачки.
„Тоа е ужасно“, бил еден од коментарите. „Доколку видам еден во реалниот живот, би му ги дал сите пари во мојот паричник, а потоа би умрел. Второ, зошто е повисок од мене?“