
ФОТО | Лили Синг е една од најпознатите јутјуберки во светот и доказ дека со напорна работа и верба во себе – сè може да се постигне
Лили Синг, канадска јутјуберка, комичарка, водителка и претприемачка, со години е позната како една од најуспешните онлајн ѕвезди.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Родена на 26 септември 1988 година во Торонто, Канада, во семејство на индиски имигранти, Синг освои милиони обожаватели низ целиот свет со својата енергија, хумор и автентичност.

Таа првпат се појави на Јутјуб во 2010 година под името IISuperwomanII, каде што објавуваше скечеви за животот, семејните односи и културните разлики што го обликуваа нејзиното раснење. Брзо стана препознатлива благодарение на нејзиниот искрен хумор и способноста да презентира теми со кои многумина можат да се поврзат на забавен начин.
Ова е Тили Норвуд. Филмаџиите ги воодушеви, глумците се побунија, а таа не е вистинска
Денес, нејзиниот канал има милиони претплатници, а проектот „Патување до островот на еднорозите“ (A Trip to Unicorn Island) дополнително го зајакна нејзиниот статус како една од највлијателните дигитални креаторки. Синг ја објави и книгата „How to Be a Bawse“ во 2017 година, која веднаш стана бестселер на „Њујорк тајмс“.

Лили Синг стана и едно од најпрепознатливите лица на американската телевизија кога во 2019 година доби свое ноќно ток-шоу на NBC – „Малку доцна со Лили Синг“ (A Little Late with Lilly Singh). Така, таа влезе во историјата како прва жена со обоена боја на кожа и отворено бисексуална личност на таа позиција.
Во 2017 година, таа беше вклучена на листата на Форбс на најплатени јутјубери, заработувајќи 10,5 милиони долари.
Иако шоуто се емитуваше само две сезони, Лили докажа дека интернет-ѕвездите навистина можат да успеат и во традиционалните медиуми.

Оваа девојка е синоним за храброст и борба на милиони луѓе низ целиот свет.
Во 2019 година, Синг јавно призна дека е бисексуалка, нагласувајќи колку е важно за неа да биде искрена со себе и со својата публика. Таа често нагласува дека е дете на мигранти, а во своите настапи отворено зборува за предизвиците на растењето меѓу две култури.
Денес, со повеќе од 15 милиони следбеници на социјалните мрежи, Синг не запира. Таа работи на нови проекти, а нејзиниот глас останува важен за генерациите што бараат инспирација и доказ дека со напорна работа и верба во себе – сè може да се постигне.
