
ФОТО | Лили Колинс се соочи со критики за сурогат-мајчинството: „Ова што го направивте е како трговија со луѓе“
Актерката Лили Колинс деновиве откри дека таа и нејзиниот сопруг Чарли Мекдауел станале родители. Нивното дете го роди сурогат-мајка, поради што се најдоа на мета на критики. Среќниот татко потоа се огласи на социјалните мрежи и им возврати на критичарите, а во вчера ја објави и првата фотографија од Лили со нивната ќерка Туве.
Препорачано
На фотографијата е прикажана Лили одзади, како шета со бебето во количка, а истата ја сподели и актерката на својот инстаграм-профил.

Парот откри дека добиле ќерка преку нејзина фотографија.
„Добредојде во центарот на нашиот свет, Туве Џејн Мекдауел. Со зборови не можеме да ја искажеме нашата бескрајна благодарност до нашата неверојатна сурогат-мајка и до сите што ни помогнаа на овој пат. Те сакаме до Месечината и назад“, напишаа тие.

Колинс и Мекдауел, кои се во брак од 2021 година, добија бројни честитки од обожавателите, но се соочија и со критики. Некои ги нарекоа „богаташи што изнајмуваат женски тела“, а сурогат-мајчинството го споредија со „трговија со луѓе“. Освен тоа, дел од коментарите сугерираа дека Колинс се одлучила за сурогат-мајка за да го зачува својот изглед.
Мекдауел се огласи на социјалните мрежи: „Во врска со непријатните коментари за сурогат-мајчинството и нашиот пат до родителството – сосема е во ред да не се биде експерт за сурогатство. Во ред е и да не се знае зошто некому му е потребна сурогат-мајка за да има дете. Во ред е да не се знаат ни мотивите на сурогат-мајката, без разлика на сопствените претпоставки. И во ред е да се троши помалку време на ширење омраза, особено кога станува збор за прекрасно девојче кое донесе многу љубов во животите на луѓето. Тоа е сè за сега, затоа што штотуку се избања и морам да ѝ ја сменам пелената“.
Претходно, Колинс зборуваше за тоа како нејзината желба да стане мајка ѝ помогнала да го победи пореметувањето во исхраната, со кое долго време се борела.
„Зборувам за мојот пореметен однос со храната, затоа што тогаш сфатив дека сакам семејство. Сакам деца и не сакам како мајка да се борам со вакви проблеми“, изјави таа во 2017 година.