Лила Филиповска / Фото: Принтскрин / Инстаграм

ФОТО | Лила Филиповска објави ретка фотографија со семејството за 80. роденден на мајка си: „Те сакаме мама и да ни живееш уште долго“

Македонската водителка и инфлуенсерка Лила Филиповска е многу активна на социјалните мрежи, но приватниот живот вешто го чува подалеку од јавноста.

Но, сега Лила имаше повод за славење и направи исклучок. Имено, таа сподели низа фотографии со своето семејство по повод 80. роденден на нејзината мајка.

Во домашна атмосфера, мајката на Лила ги дувна свеќичките на тортата украсена со рози. А, освен водителката на фотографиите може да ги видиме и нејзиниот син Филип, како и братот на Лила со своето семејство. Иако, нејзината сестра не била присутна, Лила откри дека се вклучила на вибер за да биде дел од прославата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lila (@lilafilipovska)

„Нашата мајка кралица денес полни 80 години.

И нема доволно зборови со кои би можеле да ја изразиме нашата бескрајна љубов и благодарност што токму таа е нашата мајка. За сè што нè научи , за сите совети, тони несебична љубов, за сите сочувани тајни, што беше нашиот панцир…два живота да живееме не можеме да ти се оддолжиме … иако никогаш не го бараше тоа од нас.

Ти фалеше твојата Маце ама ја вклучивмe на вибер па бевме комплетни. Те сакаме мама и да ни живееш уште доооолго, дооолго“, напиша Лила покрај фотографиите.

Инаку, Лила ретко зборува за семејството, но понекогаш знае да се присети на детството во Шведска, каде што е родена.

ВИДЕО | Синот на Лила го слави јубилејниот 30. роденден: „Ти си мојата сила и поради тебе сум она што сум“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот