Фото: Принтскрин - Инстаграм

ФОТО | Лето на Парос: Аделина Тахири со сопругот ужива на еден од 25-те најубави острови во светот за 2022

Доколку ова лето се двоумите кој грчки остров да го посетите, само отворете го профилот на пејачката Аделина Тахири Марков. Ова лето нема крај за Аделина која изминативе месеци промени неколку летни дестинации заедно со својот сопруг, адвокатот Серојажа Марков уживајќи на прекрасни места кои нудат луксуз, хедонизам и раскош.


Парот моментално ужива на грчкиот остров Парос, кој според читателите на магазинот „Travel + Leisure“ е еден од 25-те најубавите острови во светот во 2022 година.
Сместен во групата на кикладски острови, Парос може да се пофали со уникатни плажи со светло сино море, уникатни таверни, бели куќи и традиционални кикладски цркви.


Аделина поголемиот дел од времето го поминува на плажа, а тоа го открива и нејзиниот неодолив бронзен тен. Независно дали во вода или на копно, пејачката секогаш е совршено стилизирана. Ова лето Аделина се пофали со прекрасен избор на костими за капење со уникатен дизајн, како и летни наметки и аксесоари.


Покрај неодоливите фотографии на прекрасните плажи, пејачката сподели и фотографии на кои позира со својот сопруг, на кои парот позира во складни летни комбинации на облека.

Фото: Принтскрин – Инстаграм
Фото: Принтскрин – Инстаграм
Фото: Принтскрин – Инстаграм
Фото: Принтскрин – Инстаграм
Фото: Принтскрин – Инстаграм
Фото: Принтскрин – Инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот