Фото: The Hollywood Curtain / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

ФОТО | „Кралицата на бикинито“ прошета во проѕирен фустан и имаше што да покаже

Манекенката од насловната страница на „Спортс илустреитед“ (Sports Illustrated), која ја нарекуваат „кралицата на бикините“, Брукс Надер, дефинитивно знае како да го привлече целото внимание кон себе. Американската манекенка, која се натпреваруваше и во шоуто „Танц со ѕвездите“, беше снимена во саботата вечерта како го напушта замокот Мармон во Лос Анџелес со нејзината пријателка, пејачката Ели Гулдинг, оставајќи малку на имагинацијата.

Фото: The Hollywood Curtain / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia
Фото: The Hollywood Curtain / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Познатата убавица се појави во проѕирен, виолетов фустан кој остави малку на фантазијата, па минувачите, но и сите оние кои ги гледаа нејзините папарацо фотографии, можеа да видат сѐ што има под проѕирниот фустан со длабоко деколте и висок шлиц. Убавицата под фустанот не носеше градник, туку само минијатурна танга.

Брукс во еден момент се наведна, така што нејзиниот грб дојде во прв план, а фото објективите на насобраните папараци почнаа неуморно да ’кликаат’.

Инаку, Брукс е модел кој е најпознат по нејзината насловна страница за изданието на „Sports Illustrated Swimsuit“. Таа победи и на натпреварот Swim Search во 2019 година и на тој начин доби можност да позира за познатиот магазин. Таа заврши во списанието во 2020, 2021 и 2022 година, а минатата година беше на насловната страница.

Фото: The Hollywood Curtain / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот