Џенифер Анистон, Кортни Кокс и Лиса Кудроу на Патеката на славните / 27 февруари 2023 / Фото: John Salangsang / Shutterstock Editorial / Profimedia

ФОТО | Кортни Кокс доби ѕвезда на Патеката на славните, пријателките од „Friends“ ѝ дадоа поддршка

Актерката Кортни Кокс ја сподели радоста со своите пријателки од популарната серија „Friends“, Џенифер Анистон и Лиса Кудроу на Патеката на славните во Холивуд, каде ја доби својата ѕвезда помеѓу историските холивудски имиња. На церемонијата двете долгогодишни пријателки на Кортни зборуваа за нивниот сестрински однос и професионалната соработка низ годините.

По завршувањето на церемонијата, 58-годишната актерка изјави за „Пипл“, дека слушајќи го говорот на своите две колешки, се чувствувала прекрасно.

„Тие се прекрасни пријателки, тие ми се како дел од семејство, затоа се чувствував многу пријатно, тие се мои сестри“, изјавила Кортни Кокс за „Пипл“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Aniston (@jenniferaniston)


Во текот на својот говор, Кортни им се заблагодари на Џенифер, Лиса и Лора Дерн, која, исто така, зборуваше на церемонијата.

„Многу ве сакам сите и се радувам што сте тука за мене, исто како што сте секогаш со мене и приватно“, зборуваше Корти за своите пријателки.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Scream Franchise (@screamlegacy)


На својот заеднички говор Џенифер Анистон и Лиса Кудроу, ѝ оддадоа почит на својата долгогодишна колешка Кортни Кокс.

„Почестени сме со денешното присуство и можноста да зборуваме за тебе, како колешка, пријателка, сестра. Тоа е така од кога се познаваме, а тоа е многу долго време. Да бидеш пријателка со Кортни е исто како да е дел од твоето семејство. Таа е таква од првиот ден кога се запознавме, емотивна, сочувствителна, топла“, изјави Џенифер Анистон.


Триото, Кортни, Џенифер и Лиса претходно се реобединија заедно со останатите актери од серијата „Friends“, Метју Пери, Мет Лебланк и Дејвид Швимер, за специјалното издание на „Ејџ-би-о“ посветено на нивното реобединување во мај минатата година. Тие ја почнаа својата професионална соработка во десетгодишната хит-серија на „Ен-би-си“, од 1994 до 2004.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот