ФОТО | Копачки на Бекам продадени за 17.000 фунти

Фото: EPA-EFE/MOHAMMED BADRA

Копачките со златна боја кои Дејвид Бекам ги носеше на 100. настап за репрезентацијата на Англија се продадени на аукција за 17.360 фунти.

Овие копачки беа еден од 1.000 спортски предмети кои се продадоа во аукцијата куќа во Велингтонборо. Бекам ги носеше копачките на Европското првенство против Франција во 2008 година во Париз.

Аукционерот Адам Гаскоњ истакна дека цената покажува колку бил омилен Бекам како играч. На копачките се извезени имињата на трите деца кои ги имаше Бекам во тоа време: Бруклин, Ромео и Круз.

„Овие копачки беа направени за специјална прилика. Означуваат важна пресвртница за толку голем и легендарен играч на Англија и затоа се многу посебни“, истакна Гаскоњ.

Тој додаде дека копачките претходно биле изложени на Академијата „Дејвид Бекам“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот