
ФОТО | Раста конечно на слобода: Четири месеци во затвор, една година во домашен притвор
Српскиот рапер Стефан Ѓуриќ Раста лани доби 12 месеци домашен притвор поради нелегално поседување дрога, а за два дена му истекува казната.
Препорачано
Раста ќе стане слободен човек в вторник, на 19 април. Тој има обврска да помине уште само два дена во домашен притвор.
Имено, раперот ги одбројува деновите до слободата, па на Инстаграм објави видео во кое наведува дека му остануваат само уште два дена до излегувањето на слобода.
„Слободата е бесценета“, рекол Раста.

Тој, времето поминато во домашен притвор, го искористи за да подготви нови песни и да подготви промоција што ќе ја направи веднаш штом ќе излезе на слобода.
А, додека беше во домашен притвор, Раста исто така, секојдневно вежбал, па и тие снимки ги споделувал на Инстаграм.
Да потсетиме, тој помина четири месеци во затвор. По тримесечна истрага на Вишото јавно обвинителство поради сомнение дека сторил тешко кривично дело – трговија со дрога, кон крајот на минатата година во судот беше поднесен обвинителен акт за недозволено поседување дрога, но набрзо беше склучена и спогодба за признавање вина.
На рочиштето во обвинителството по апсењето, Раста се бранеше дека пронајдениот сканк го користел за своја употреба, но тогаш обвинителството не му поверува.
Инаку, Раста беше во турбулентен брак со познатата српска пејачка Ана Николиќ, во кој добија ќерка.
View this post on Instagram