Фото: Rijksmuseum / Avalon / Profimedia

ФОТО | Кондом стар 200 години е изложен во музеј во Амстердам

Во музејот „RIJKSMUSEUM“ во Амстердам е изложен кондом стар речиси 200 години, на кој се прикажани калуѓерка и тројца свештеници.

Кондомот, за кој се верува дека е направен од овчо црево, би можел да биде сувенир од бордел, според музејот.

Фото: Avalon / Avalon / Profimedia

Познато е дека само два такви примерока се зачувани. Цртежот на кондомот од 1830 година прикажува калуѓерка седната, со раширени нозе пред тројца свештеници, со прст насочен кон едниот од нив.

Музејот вели дека цртежот веројатно е замислен како пародија на сексуалната апстиненција што се бара од свештениците во Католичката црква.

Кондомот може да се види како дел од изложба за сексуалноста и проституцијата во 19 век, која е отворена до крајот на ноември. „Ги покажува и игривата и сериозната страна на сексуалното здравје“, велат од музејот за кондомот.

Во тоа време, потрагата по задоволство одеше рака под рака со стравот од сексуално преносливи болести, особено сифилис и несакана бременост.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот