
ФОТО | Колинда Грабар-Китаровиќ одржа модна лекција: Долго време не сме ја виделе во вакво моќно издание!
Откако ја гледавме во летните месеци во лежерни комбинации или поелегантни фустани што ги носеше во официјални пригоди, Колинда Грабар-Китаровиќ сега се појави во моќен деловен стил.
Препорачано
Поранешната претседателка на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ, го сподели својот нов стил на социјалните мрежи, а фотографиите ја покажуваат како позира во Лондон.
Таа носела координиран троделен комплет во темно сино-бел пругаст дизајн, составен од палто со широки рамена со импресивни копчиња, прави панталони и шик елек кој го носела закопчан.
View this post on Instagram
Под сè, таа носела бела кошула со нејзиниот омилен детаљ, мала марама со панделка, која го обележа нејзината моден стил низ годините.
Во серијата фотографии, таа покажала и полежерен стил, во кој комбинирала впечатлива блуза со кратки ракави со елегантни бели панталони.
Колинда ги комплетирала двете комбинации со бели салонки, модна класика која внесува доза на висок стил и гламур во секој стајлинг.
„Секогаш сте прекрасни, елегантни и светски во сè“, „Моќна и со стил, како и секогаш“, „Жена за сите времиња“, „Една од најубавите политичарки во светот“, биле само дел од коментарите на нејзините следбеници.
На друга пак, фотографија, во Загреб, Колинда носела фантастична комбинација – бели панталони со големи точки (кои се голем хит оваа лето) заедно со интензивно розова кошула.
View this post on Instagram
Колинда Грабар-Китаровиќ навистина го заслужува епитетот – икона на стилот.
ВИДЕО+ФОТО | Ева Мендес призна дека со години го бричи лицето: „Многу сум влакнеста“