Фото: Принтскрин / Инстаграм

ФОТО | Која е Тили Норвуд? Првата актерка со вештачка интелигенција во Холивуд предизвика бурни реакции

Актерката создадена од вештачка интелигенција, Тили Норвуд, го привлече вниманието на неколку филмски агенции, откри актерката, комичарка и продуцентка Елин Ван дер Велден на панел-дискусија на Филмскиот фестивал во Цирих, објави „Вараети“.

Тили Норвуд е првата креација на неодамна лансираното студио за таленти за вештачка интелигенција „Ксикоиа“, кое произлезе од продуцентското студио „Партикл6“ на Ван дер Велден.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Индустријата брзо се адаптира

Ван дер Велден истакна дека тие веќе тивко развиваат нови проекти за вештачка интелигенција и дека може да се очекуваат вести во наредните месеци.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tilly Norwood (@tillynorwood)

„Имавме многу состаноци во февруари и сите беа како: „О, не. Тоа нема да се случи“. А потоа, до мај, беа како: „Мораме да направиме нешто со вас“, рекла таа за време на интервју на сцената.

Таа додаде дека перцепциите драстично се промениле за краток временски период.

„Кога првпат ја претставивме Тили, луѓето беа како: „Што е ова?“, а сега во следните неколку месеци ќе објавиме која филмска агенција ќе ја претставува“.

Прва улога и големи амбиции

Во јули, Норвуд објави на својата фејсбук-страница дека ја добила својата прва улога во комедијата „ВИ Претставник“.

„Не можам да верувам, ја добив мојата прва улога. Глумам во „ВИ Претставник“, нова комедијата што ја истражува иднината на телевизиските програми, продуцирана од брилијантниот тим на „Партикл6 продукција“, напиша Норвуд.

„Можеби сум генерирана од вештачка интелигенција, но во моментов чувствувам вистински емоции. Толку сум возбудена за она што следи!“, додаде таа.

Креаторите имаат големи планови за нивната дигитална ѕвезда.

„Сакаме Тили да биде следната Скарлет Јохансон или Натали Портман, тоа е целта на она што го правиме“, рече Ван дер Велден.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Таа додаде дека економските предизвици ги туркаат филмските и телевизиските индустрии да произведуваат продукции базирани на вештачка интелигенција.

„Луѓето сфаќаат дека нивната креативност не мора да биде ограничена од буџетот. Нема креативни ограничувања и затоа вештачката интелигенција навистина може да биде позитивна работа“, продолжи таа. „Станува збор само за промена на перспективата на луѓето.“

„Ерата на виртуелните актери е тука“

Во објава на Линкдин, Ван дер Велден беше уште подиректна: „Публиката? Тие се грижат за приказната, а не дали ѕвездата има пулс. Тили веќе привлекува интерес од агенциите за таленти и обожавателите. Ерата на виртуелните актери не доаѓа – таа е тука.“

Нејзиното студио веќе има произведено содржина од различни жанрови, од „Мис Холанд“ на Би-би-си  до „Вистинските тајни на криминалот“ на Хат нетворкс и детската емисија „Погледни, види воодушеви се!“ .

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот