Румер и Брус Вилис - Фото: Инстаграм/ rumerwillis

ФОТО | Ќерката на Брус Вилис сподели трогателна објава по повод Денот на татковците: „Чувствувам длабока болка…“

Румер Вилис (36) сподели емотивна порака за состојбата на нејзиниот татко, актерот Брус Вилис (70), по повод Денот на татковците, кој вчера се прослави во Америка, пренесува „Пејџ Сикс“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rumer Glenn Willis (@rumerwillis)

„Денес е тежок ден, чувствувам длабока болка во градите затоа што сакам да ти се јавам и да ти кажам сè што правам и што се случува во мојот живот. Да те прегрнам и да те прашам за животот, твоите приказни, борби и успеси. Жалам што не ти поставив повеќе прашања додека можеше да ми одговориш на сите. Знам дека не би сакала денес да бидам тажна, па ќе се обидам да бидам благодарна и да се потсетам колку сум среќна што ти си мој татко и што сè уште си со мене“, ја започна објавата Румер.

„Сè уште можам да те држам за рака, да те прегрнам, да те бакнам во образ и да те погалам по главата, можам да ти раскажувам приказни. Можам да ги гледам твоите очи како светнуваат кога ќе ја видиш Луета. Ќе бидам благодарна за секој момент што го поминав со тебе. Те сакам многу, тато, среќен Ден на татковците. Им испраќам љубов на сите што се во ситуација како мојата или ги изгубиле своите татковци, на самохраните мајки кои се исто така татковци, како и на таткото на моето дете“, ја заклучи таа објавата.

Румер објави серија фотографии со својот татко во текот на годините, вклучувајќи една од актерот со неговата внука.

Актерот се повлече од јавноста во 2022 година откако му беше дијагностицирана афазија. Подоцна беше откриено дека страда од фронтотемпорална деменција, која, според „Пејџ Сикс“ предизвикува проблеми со говорот и однесувањето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!