
ФОТО | Ким Кардашијан со срцепарателна објава на 22-годишнината од смртта на татко ѝ
Ријалити ѕвездата Ким Кардашијан се потсети на својот татко, познатиот адвокат Роберт Кардашијан, по повод 22-годишнината од неговата смрт.
Препорачано
На фотографијата што ја сподели на социјалните мрежи, Ким е прикажана во капа и наметка од матура, а до неа стои нејзиниот татко со широкa насмевка.
„Фала ти што од небото секогаш ја штитиш нашата фамилија. Не можам да поверувам дека имав само 22 години кога почина, а денес се навршуваат 22 години од твоето заминување“, напиша Ким.

Роберт Кардашијан Сениор, кој остана најмногу запаметен како дел од одбраната на О.Џ. Симпсон во познатото судење од 1995 година, почина на 30 септември 2003 година, само два месеци по дијагноза со рак на хранопроводот. Имаше 59 години.
Тој во 1978 година се ожени со Крис Хјутон, денес позната како Крис Џенер, со која ги доби ќерките Кортни, Ким и Клои, како и синот Роб. Бракот заврши со развод во 1991 година.
И сестрата на Ким, Клои, сподели видео со нивниот татко.
„Засекогаш ќе чувам место за тебе. Среќен роденден, тато. Те сакам. Благодарам за секој спомен, секоја лекција и секоја насмевка“, напиша таа.
Спомените за Кардашијан ги оживеа и Присила Присли, поранешна партнерка на Елвис. Во својата неодамна објавена автобиографија, таа откри дека кратко излегувала со Роберт во 1975 година.
„Беше добар човек, ми се допаѓаше, но сфатив дека нема да функционира“, напиша Присли.