Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

ФОТО | Ким Кардашијан е жртва на измамници: Со нејзиното име се таргетираат жртвите од пожарите во Лос Анџелес

Пожарите во Лос Анџелес оставија неколку десетици илјади луѓе без покрив над главата, меѓу кои и многу познати луѓе. Почнаа да се организираат хуманитарни акции за оние на кои им е најпотребно, но меѓу многуте добри луѓе има и измамници, а една од нивните жртви е и Ким Кардашијан.

Фото: Притнскрин/ Инстаграм

Таа ги предупреди своите следбеници на Инстаграм да не наседнуваат на лажните мејлови кои се појавија деновиве. Имено, некој се претставува под нејзиното име и бара од луѓето да „донираат пари“ со јавување на одреден телефонски број. “Пазете се од измамници! Ако некој го добие овој мејл со моето име на него, тоа не е реално. Колку е страшно”, напишала Ким, пренесува „Мирор“.

Лажниот мејл, насловен како „Кампања на Ким Кардашијан за погодените луѓе во Лос Анџелес“, кој бил преполн со грешки, гласел вака: „Почитувани, ова е Ким Кардашијан, се надевам дека ви оди одлично? Ви благодарам што ме поддржувавте. Сакам да обратиме внимание на неодамнешниот инцидент во Лос Анџелес со избувнувањето на пожарите, ве молам сакам да ја одиграме нашата улога помагајќи им на засегнатите, знаете дека не можам да го сторам тоа сама и затоа ве имам сите како фанови, семејство и поддржувачи, кои можат да дадат поддршка со која било сума“.

Тоа доаѓа откако Ким ги пофали напорите на пожарникарите кои се борат со пожарите. Таа претходно напиша: „Ја поминав последната недела гледајќи го мојот град како гори. И видов и разговарав со многу пожарникари кои се будни цела ноќ, користејќи го секој дел од својата сила за да ја спасат нашата заедница. Ви благодариме @calfire la County Fire и на Los Angeles City Fire за сè што правите за да спасите животи, домови и имот“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот