Катја Букикио, Мис Италија 2025 - Фото: Инстаграм/katiabuchicchio_

ФОТО | Катја е новата Мис Италија: Има 18 години и е првата мисица со забна протеза

Италија има нова кралица на убавината, и првата во историјата што носи забна протеза! Светли очи, густа чоколадна коса, совршена кожа и блескава насмевка, која се подобрува благодарение на протеза која тивко си ја врши работата.

Катја Букикио е Мис Италија 2025. Таа веќе држи два рекорда: првата Мис Италија од Базиликата, регион кој гордо го претставува, и таа е првата Мис Италија која носи протези. 18-годишната студентка по стоматологија и протетика, Катја Букикио, го крши табуто на совршенството по секоја цена и нè потсетува дека за девојките од нејзината генерација, појавувањето во јавност со забни протези не е никаков проблем. Како што пееше Боб Дилан, „времињата се менуваат“. Браво за Италија, пишува италијанскиот „Венити фер“.

Таа ја посвети својата победа на својот татко Антонио.

– Тој е мојот „менаџер“, ме следеше низ сите селекции. Ќе продолжам со студиите и ќе работам на зачувување на угледот на мојот регион. Почестена сум со оваа титула – изјави Катја по освојувањето на титулата.

Катја потекнува од семејство кое го цени заедништвото и традицијата. Нејзините родители, Розана и Антонио, и постарата сестра Лукреција се нејзините најголеми поддржувачи. Новата Мис Италија првпат се истакна во јавноста за време на пандемијата на коронавирусот, кога таа, нејзината баба и тетки направија околу 200 заштитни маски за нејзиното село. Поради ова, нејзините соселани ја прогласија за „Личност на годината“.

Зад сцената, Катја обожава везење, тоа се спомени што ги има од детството. Завршила средно училиште за природни науки и се преселила во Рим, каде што студира стоматологија и забна протетика. Таа вели дека образованието е нешто од кое нема да се откаже, без оглед на фактот дека вратите на модата и шоу-бизнисот сега ѝ се отвораат.

Што ја направи нејзината победа посебна? Таа не ги криеше своите протези. Со тоа, таа им испрати порака на младите луѓе дека убавината не значи совршенство, туку самоприфаќање. Таа веќе се истакна на социјалните мрежи со својата природност, каде што ја следат речиси 18.000 луѓе. Често објавува фотографии без шминка и нагласува едноставност и природен изглед.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот