Фото: EPA-EFE/MOHAMMED BADRA

ФОТО | Каков гламур: Амал дојде без Џорџ Клуни на Канскиот филмски фестивал, нејзината појава ги воодушеви присутните

Амал Клуни беше гостинка на премиерата на документарниот филм „Боно: Приказни за предавање“, за музичарот Бон Вокс и бендот „Ју ту“ што се одржа на Канскиот филмски фестивал. Амал го следеше дрес-кодот на 78-от Кански филмски фестивал, на кој беше забранета голотија и огромни креации, па за таа цел избра безвременски гламур.

Фото: EPA-EFE/CLEMENS BILAN / POOL

На премиерата на филмот во Кан, Амал Клуни дојде во црна вечерна тоалета, без Џорџ Клуни со што ги „подгреа“ гласините за разводот. Фустанот со крој на сирена со прерамки спуштени под рамената и ја следеше линијата на телото со суптилно деколте, создавајќи заводлив, но префинет впечаток.

Фото: EPA-EFE/GUILLAUME HORCAJUELO

Креацијата е интересна и поради ткаенината со сатенски сјај, што дава впечаток на фин, потенок кожен материјал, а Амал го надополни сето тоа со црни потпетици кои беа малку видливи под долгиот фустан.

Во време кога црвениот тепих може да биде покриен со прекумерна екстраваганција, Амал Клуни докажа дека минимализмот и класиката можат да остават најсилен впечаток.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот