Фото: Zabulon Laurent/ABACA / Abaca Press / Profimedia

ФОТО | Јелена Ѓоковиќ направи модна драма на Вимблдон, на себе носи 55.000 евра, од еден детаљ не се одвојува!

Најпрестижниот тениски турнир не само што го привлекува вниманието на љубителите на „белиот спорт“, туку и на модните познавачи. Официјалната боја на Вимблдон е бела и натпреварувачите мора да го почитуваат тоа правило, но ситуацијата во публиката е значително поинаква. Поопуштенa. Новак Ѓоковиќ успешно го заврши својот прв натпревар завчера, а освен стручниот штаб, го бодреа и неговата сопруга Јелена Ѓоковиќ со децата.

Стефан и Тара, најстрасните обожаватели на познатиот тенисер, внимателно ги следеа настаните на зелениот терен и навиваа многу гласно, не двоумејќи се да го покажат своето воодушевување по секој поен на нивниот татко. Јелена Ѓоковиќ беше малку посмирена, но често стануваше од своето место, дозволувајќи им на фотографите и снимателите да ја „фатат“ целата фигура, што откри каков стил избрала за првиот дуел на Новак на овогодинешниот Вимблдон.

Свесна дека очите на целиот свет, особено на модниот, ќе бидат насочени кон неа и дека ќе биде оценувана и оценета од глава до пети, сопругата на познатиот спортист внимателно го одбрала својот стајлинг за отворањето на „сезоната на Вимблдон“. Таа се одлучила за црн летен фустан, совршен и за дневни настани и за вечерни пригоди.

Изборот на Јелена била шик креација од брендот „Чаро Руиз Ибица“ (Charo Ruiz Ibiza). Моделот е со тесна половина, со пуф ракави и корсет, со целосно закопчување на предната страна, а ја нагласувал совршената линија на Јелена. Фустанот „Спиана“ (Spiana) може да се најде по цена од 30.000 денари, а покрај црната, постојат и варијанти во бела, сина, лимета и розова боја.

Јелена Ѓоковиќ се појави и претходно во парчињата на реномираната шпанска куќа, кои ги обожаваат и некои други познати дами, како на пример, иконата на стилот кралицата Летиција.

Елегантниот стајлинг бил надополнет со накит. На прво место, тука е рачниот часовник „The Audemars Piguet Royal Oak Offshore“, направен од розово злато, со 32 дијаманти вреден 50.000 долари. Внимание привлекле и скапата белегзија, ѓерданот со приврзок и дискретните обетки. Совршена рамнотежа помеѓу минимализмот – комбинација на облека и „максимализам“, што се рефлектира во луксузниот накит.

Фотографиите од Јелена на Вимблдон можете да ги погледнете – ТУКА.

ВИДЕО | Јелена Ѓоковиќ искрено за родителството: Моите деца ќе имаат трауми

ВИДЕО | Зендаја му се извини на Новак Ѓоковиќ на црвениот тепих во пресрет на Олимпијадата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот