Фото: EPA-EFE/Zsolt Czegledi HUNGARY OUT

ФОТО | Избран идеалниот тим во Лига на Европа, Хесус Навас играч на сезоната

Во текот на изминатата недела со финалето во средата во кое Севиља на пенали ја совлада Рома заврши сезоната во Лигата на Европа, а сега се поделени и признанијата за најдобрите во второто по ранг европско натпреварување.

Финалистите Севиља и Рома очекувано имаат најмногу играчи во идеалните 11, од двата табори има по четворица. Претставници на шпанскиот тим се голманот Боно, бековите Акуња и Хесус Навас Навас и хрватскиот фудбалер Иван Ракитиќ.

Пелегрини, Матиќ, Смолинг и Дибала се фудбалерите на Рома кои добија свое место во овој тим. Преостанатите позиции ги пополнија Рашфорд (Манчестер Јунајтед), Бонифаце (Унион СГ) и Тах (Баер Леверкузен).

За најдобар фудбалер беше избран Хесус Навас кој Лигата на Европа ја освои по четврти пат во кариерата. Севиља е рекордер по бројот на освоени титули во ова натпреварување (седум).

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот