Фото: Принтскрин/Јутјуб

ФОТО | Ивона Јо објави фотосесија во долна облека еден месец по операцијата: „Првиот ланец од оковите кои ми тежеа го пресеков“

Пејачката Ивона Јовановиќ, позната како Ивона Јо, на почетокот на 2025-та направи огромна промена која ѝ беше од клучно значење кога е во прашање изгледот. Имено, откако долги се бореше со вишокот килограми, во 2021 година таа цврсто одлучи да преземе голем чекор кон поздрав живот и храбро замина на операција за намалување на желудникот.

Успешно ја намали тежината, но вишокот кожа и покрај здравата исхрана и редовните тренинзи, сепак беше нешто за кое е потребна естетска хирургија.

Токму тоа и се случи пред 4 недели. Ивона замина на операција која помина успешно, а пејачката беше презадоволна од резултатите.

Откако успешно закрепна, доволно да може да се врати на секојдневните обврски, Ивона на својот Инстаграм профил ја објави првата фотосесија во долна облека, во која покажа како изгледа нејзиното тело денес и се заблагодари на сите оние кои ѝ помогнаа во овој долг, за неа многу важен процес.

„2025. Годината кога првиот ланец од оковите кои ми тежеа го пресеков и се ослободив. На жената што бев – Те сакам. На жената што сум – Се гордеам со тебе душо. За жената што ќе бидам – Возбудена сум поради тебе. Благодарение на мојот лекар кој ми го промени животот со операција на кожата и липосукција, благословен сум што те имам како мој доктор. Ти и целиот твој тим“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by IVONA JO (@ivonajo)

ВИДЕО | Ивона Јо направи операција за отстранување вишок кожа: „Знам дека со верба и добра мисла сѐ ќе помине“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот