Фото: EPA-EFE/CHRISTIAN MONTERROSA

ФОТО I Иако сите велат дека изгледа барем 10 години постаро, таа всушност е помлада од него: Холивудскиот убавец не се грижи за тоа, тој не се одделува од неа

Американскиот актер Кијану Ривс (56) минатата година ја претстави својата девојка Александра Грант  (47) во јавноста, а без оглед на различните коментари за нивната врска и нејзиниот изглед, заљубениот пар не се одделува еден од друг.

Имено, Кијану и Александра сега се фотографирани во ресторанот „Спаго“ во Беверли Хилс во друштво на колегата на актерот Алекс Винтер и неговото семејство.

Сите заедно поминале три часа во споменатиот ресторан уживајќи во меѓусебното дружење, а кога излегле од ресторанот, Кијану поделил неколку автограми.

Имено, пред ресторанот бил автомобилот на Алекс во кој имало 3 кутии патики „Адидас“, на кои Кијану го оставил својот автограм.

Фото: Профимедиа

Кијану исто така се потпишал и на едно списание, а не е познато кои се лојалните обожаватели на актерот кои му побарале автограм.

Александра цело време била блиску до ѕвездата од филмот „Матрикс“,  апсолутно игнорирајќи ги злобните коментари на обожавателите кои велат дека таа е „престара“ за него, и покрај тоа што тој е девет години постар од неа.

Фото:Профимедиа

– Еве го во Кијану со својата девојка која изгледа постаро од него – беше коментарот на една обожавателка, додека други велат дека тие се „премногу сладок пар“ и дека може да се види колку многу се сакаат.

Инаку, Александра неодамна откри зошто никогаш нема да се фарба, но исто така ги повика сите жени да обрнат поголемо внимание на своето здравје во однос на нивниот изглед.

Фото: Профимедиа

Таа објави фотографија од насловната страница на едно списание, каде што пишува дека новите студии докажале дека ракот на дојка е токму поврзан со бојата на косата и хемиските препарати кои се користат.

Јас предвреме оседев во косата, уште во раните 20-ти години, затоа што ја фарбав косата со секоја боја што можев да ја најдам, сè додека не станав нетолерантна за нивната токсичност. Во моите 30-ти години, дозволив косата да ми стане „руса“ … Го сакам и почитувам фактот дека секоја жена може да избере како ќе изгледа на која било возраст. Ако жените страдаат од наметнатите стандарди за убавина, ајде да разговараме за тие стандарди – рече таа.

Фото: Профимедиа

– Јас сум висока жена со бела коса. Ако сакав да се вклопам во некои стереотипи како Ким Кардашијан, би требало да почнам од кратење на нозете со операција – се пошегува Грант и стави крај на сите приказни за нејзиниот изглед.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот