Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

ФОТО: Хари Кејн по над 400 голови во кариерата за првпат освои голем трофеј, па се огласи на Инстаграм
Еден од најдобрите напаѓачи на денешницата, Хари Кејн, конечно успеа да го освои својот прв трофеј во клупската кариера и да стави крај на долгогодишното „проклетство“ што го следеше од самиот почеток на професионалниот фудбал.
Препорачано
И покрај тоа што има над 400 голови во својата кариера и играше во неколку големи финалиња, Кејн сè досега немаше можност да подигне ниту еден голем трофеј, а по денешното реми на Леверкузен со кое Баерн математички ја обезбеди титулата со емонтикон се огласи на Инстаграм.
🚨🏆 Harry Kane’s post after winning his first major trophy. 😁 pic.twitter.com/Mgph4COBfM
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) May 4, 2025
Сега како фудбалер на Баерн Минхен, Кејн и официјално стана шампион на Германија. Капитенот на англиската репрезентација и нејзин најдобар стрелец во историјата (105 голови), досега одигра 80 натпревари во дресот на Баерн и постигна исто толку голови.
Неговиот придонес беше клучен за 34. титула во историјата на клубот, а оваа сезона со 24 гола ќе заврши и како најдобар стрелец во Бундеслигата, дури пет повеќе од своите најблиски конкуренти.
🏆 𝐃𝐄𝐔𝐓𝐒𝐂𝐇𝐄𝐑 𝐌𝐄𝐈𝐒𝐓𝐄𝐑 𝟐𝟎𝟐𝟓 🏆
Für unseren Verein, für unsere Fans, für unsere Stadt. ❤️🤍#MiaSanMeister pic.twitter.com/2k3ZKN0OPC
— FC Bayern München (@FCBayern) May 4, 2025
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
15мин
-
48мин
-
1час
-
1час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5