ФОТО | Грчките медиуми за убиството на Вања Ѓорчевска

Фото: Слободен печат

Јавноста е во шок по убиството на 14-годишното девојче, кое пред една недела беше киднапирано пред нејзиниот дом во Скопје, а вчера беше пронајдена мртва на локација надвор од Скопје, во киднапирањето на 14-годишната наводно е вмешан и нејзиниот татко, пишува грчката новинска агенција АНА-МПА, на почетокот од текстот за убиството на Вања, текст кој го презедоа онлајн медиумите во Грција.

„Скопје: Мртва 14-годишната која беше киднапирана-се истражува вмешаност на нејзиниот татко“; „Шок од суровото убиство на 14-годишната Вања, која беше киднапирана во Скопје“; „Северна Македонија: Пронајдена мртва 14-годишната, која беше киднапирана во Скопје“; „Скопје: пронајдена мртва 14-годишната – се бара нејзиниот убиец“; „Пронајдена мртва 14-годишна киднапирана во Скопје – се чини дека е вмешан нејзиниот татко“, се дел од насловите во онлајн изданијата на грчките медиуми, кои ја пренесуваат веста од АНА-МПА.

Фото: МИА

Грчката новинска агенција, ги пренесува изјавите на министерот за внатрешни работи на Северна Македонија Оливер Спасовски и ставот дека мотивот за киднапирањето била лична корист, со цел киднаперите да извлечат пари од мајката на 14-годишната, но и дека наводно, добиените информации за девојчето биле од нејзиниот таткото.

-За случајот уапсени се три лица, додека убиецот првично побегнал во Србија, а оттаму во Бугарија и се трага по него. Таткото на 14-годишната Вања Ѓорчевска негира вмешаност во киднапирањето на неговата ќерка. Според министерот за внатрешни работи на Северна Македонија, „мозокот“ на киднапирањето ја убил 14-годишната со пиштол, во страв дека би можел да биде уапсен од полицијата која имаше започнато истрага за киднапирањето, пишува АНА-МПА.

Во опширниот текст додава дека полицијата го знае идентитетот на убиецот, дека станува збор за контроверзен бизнисмен, познат на полицијата од минатото, а е и основач на мала вонпарламентарна националистичка партија.

Фото: МИА

Како што минатата седмица објави МИА, грчката невладина организација „Насмевката на детето“, чија главна цел е заштита на децата и нивните права, на официјалниот Фејсбук профил објави пост за исчезнатата Вања, што иако не беше официјален амбер алерт, сепак беа споделени сите податоци и информации за девојчето, како и нејзината фотографија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот