Фото: Francesco Pignotti / Facebook

ФОТО | Голема забава: Брат и сестра близнаци го прославија 100. роденден во мал град близу Фиренца

Брат и сестра близнаци во мало гратче во близина на Фиренца го прославија својот 100. роденден оваа недела со голема прослава организирана од нивните роднини и пријатели, објавија италијанските медиуми.

Паола и Паоло Анчидеи се родени на 26 мај 1925 година, а за да го одбележат нивниот јубилеен роденден, околу четириесет роднини и пријатели се собраа во Бањо а Риполи.

Прославата се одржа во малото гратче Патерно, во куќата каде што живее Паоло со помош на негувателка. Неговата сестра Паола живее во дом за стари лица во градот Фјезоле, заедно со нејзиниот 98-годишен сопруг.

„Оние што го познаваат целиот свој живот навистина не сакаа да ја пропуштат оваа можност. Тој е сакан од сите“, рекла братучедката на Паоло, Соња.

Братот и сестрата близнаци беа возбудени кога се сретнаа по една година, иако во меѓувреме разговарале по телефон.

На прославата на роденденот присуствуваа и локалните функционери, градоначалникот Франческо Пињоти и советничката Сандра Бараљи, кои им подариле на близнаците плакета со натпис „за прекрасната цел што ја достигнавте“.

„Нема многу што да се прави, во Бањо а Риполи воздухот е добар!“, се пошегувал градоначалникот во објавата на социјалните мрежи.

Инаку, Паоло работел како продавач на облека и алишта, додека неговата сестра била вработена во локална перална. За време на Втората светска војна, Паоло доживеал бурни искуства, а откако бил заробен од Германците во септември 1943 година, бил однесен во Касино на принудна работа каде што учествувал во изградбата на бункери долж „Хитлеровата линија“, но успеал да избега. По многу денови пешачење, стигнал до Фиренца. Паола живеела со години во селцето Антела – сè уште во општината Бањо а Риполи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот