
ФОТО | Голем скандал: Перуански бискуп имал 17 љубовници, го разоткриле љубоморна калуѓерка и домашна помошничка
Перуанскиот бискуп Чиро Киспе Лопез, обвинет дека имал дури 17 тајни љубовници, поднесе оставка до папата Лав откако истрагата на Ватикан ги потврди обвинувањата. Скандалот ескалираше кога некои од жените дознале една за друга, што довело до отворен конфликт и ја разоткрило целата афера, пишува „Тајмс“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Чиро Киспе Лопез (51), поранешен бискуп на Хулио во Перу, се најде во центарот на истрагата на Ватикан, која вклучуваше разговори со три од неговите наводни љубовници. Клучен сведок беше и неговата домашна помошничка, која на истражителите им даде детални описи за тоа што го затекнала во спалната соба на бискупот.

Паола Угаз, перуанска новинарка која имала увид во документ на Ватикан за истрагата, открила неверојатни детали.
– Калуѓерката, која била една од љубовниците на Киспе, била љубоморна на адвокатката со која бискупот исто така се гледал и испратила информации за неговите афери до третата љубовница која се степала со адвокатката. Тоа беше вистинска сапуница, но исто така разоткри и сериозна злоупотреба на моќта. Многу од 17-те жени беа премногу исплашени да се појават бидејќи се плашеа од него – изјавила таа за „Тајмс“.
Истрагата на Ватикан беше покрената откако приказната првично ја истражил Кевин Монкада, новинар на перуанскиот весник „Син Фронтерас“.
– Во април минатата година добивме информации дека една од наводните љубовници на бискупот практично се степала со друга млада жена – изјавил Хилдебрант за весникот. Тој додал: „Тоа беше поводот. Случајот излезе на виделина бидејќи жените открија дека бискупот се гледа со неколку од нив истовремено и тоа ги разбесни.“
Докази во пораки
Ватикан наводно прегледал бројни љубовни аудиопораки, фотографии и видеазаписи што бискупот им ги праќал на жените. Перуанското издание „Инфобае“ објави дека самиот бискуп потврдил во една од пораките дека имал сексуални односи во својата официјална резиденција.
Според зборовите на новинарката Угаз, Киспе направил фатална грешка кога погрешно испратил некои од компромитирачките видеа и фотографии, наменети за неговите љубовници, до својата домашна помошничка. Таа веднаш се обратила до Католичката црква. Манкадо рекол дека помошничката видела женска коса во тушот на бискупот. Тој објави дека таа рекла: „Неговите чаршафи имаа дамки. Морав да ги исчистам сите“. Од друга страна, епископот ги негирал сите обвинувања, нарекувајќи ги клевета од страна на „мрачните раце“.

Обвинувања за проневера и закани со линч
Киспе, кој папата Франциск го именувал за бискуп во 2018 година, бил исто така под истрага на Ватикан за наводната проневера на црковни средства. Угаз рекла дека Ватикан истражувал наводи дека Киспе отстранил столови од црковниот имот за да ги користи во ресторан со пилешко кој бил дел од синџир во кој тој имал финансиски интерес.
– Синџирот се вика „Патас Ариба“, фраза што значи „наопаку“, но буквално се преведува како „нозе во воздух – рекла Угаз.
Новинарката рекла дека, пред да ја напушти функцијата, Киспе бил предизвикан од група луѓе од домородната група na Ајмарите, кои тврделе дека тој проневерил средства од Обединетите нации наменети за поддршка на проекти во нивната заедница.
– Тој ги врати парите, што е реткост во Перу, но тоа беше затоа што му се закануваше линч, а Ајмарите се познати по тоа што го држат својот збор – рекла таа.
Ова не е прв пат папата Лав да се справува со корупција во перуанската црква. Пред да биде избран за папа во мај, тој помина 20 години работејќи во Перу каде што истражуваше секташка сексуална злоупотреба во религиозниот ред Содалитиум Кристијана Вита.
– Папата Лав е добро запознаен со тоа што се случува во перуанската црква – рекла новинарката.