ФОТО: Голем шумски пожар во американската сојузна држава Ново Мексико

Пожарникари САД/ Фото: Adolphe Pierre-Louis / Zuma Press / Profimedia

Пожарникарите вo Ново Мексико не успеаја да го изгасат најголемиот шумски пожар во САД, што се приближува до планинските села.

Поради пожарот илјадници луѓе од долината Мора, околу 60 километри североисточно од Санта Фе, се подготвуваат за евакуација.

– Силниот ветер го разнесува жарот на повеќе од 1,5 километри и го шири пожарот што на 6 април изгоре 303 квадратни километри од планината Сангре де Кристо, уништувајќи стотици домови и згради. Изгледа многу страшно. Со оглед на брзината на ширење, за нас е многу тешко да постигнеме каква било контрола на пожарот, изјави командантот на силите за помош при природни катастрофи Карл Швопе.

Пожарникарите предупредуваат дека денеска ќе има ветер од јужен правец и оти огнот ќе се шири кон селото Мора, кое има 14.000 жители, како и кон градот Лас Вегас.

Експертите наведуваат дека шумите и долините се суви поради екстремната суша која трае повеќе од две децении.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот