Германските фудбалери пред мечот со Јапонија во Доха/фото: EPA-EFE/Ronald Wittek

ФОТО: Германците протестираа против цензурата пред натпреварот со Јапонија

Играчите на германската репрезентација се фотографираа со рацете преку уста пред нивниот прв натпревар на Светското првенство во Катар.

Тоа е знак на протест против важечките забрани за време на Мундијалот.

На сите репрезентации им е забрането да носат капитенски ленти во боите на виножитото и со натпис One Love („Една љубов“), кој е слоган за поддршка на ЛГБТК+ заедницата.

Светската фудбалска куќа (ФИФА) се закани дека судиите ќе даваат жолти картони на секој што ќе се појави на теренот со вакви или слични ознаки.

Обезбедувањето дури и ги одзеде сите реквизити на публиката на кои имаше бои на виножитото. Поради тие забрани, белгиските мораа да го тргнат натписот Love од својот бел дрес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!