
ФОТО | Француската легенда Катрин Денев официјално го прогласи за отворен Канскиот филмски фестивал
Актерката Катрин Денев годинава е заштитно лице на фестивалот, а нејзиниот огромен портрет е на самиот влез од палатата. Црно-белата фотографија е од 1968 година од продукцијата на „La chamade“ во режија на Ален Кавалие.
Препорачано
Целата свеченост ја водеше Кјара Мастројани, а на самиот почеток легендата на француската кинематографија Кетрин Денев го прогласи за отворен Канскиот филмски фестивал.

„Го прогласувам 76-от Кански фестивал за отворен“, рече Данев.
Покрај неа беше познатиот актер Мајкл Даглас, кој откако започна церемонијата му беше врачена почесната награда „Златна Палма“.

„Јас сум постар и од фестивалот“, рече Даглас, откако ја прими наградата.
По отворањето ќе биде прикажан филмот “Jeanne du Barry” на француската режисерка Мајвен, со Џони Деп во главната улога каде се враќа по турбулентиот период од животот. Тој во филмот го глуми Луј XV.

Натпреварувачкиот дел започнува утре со два играни филма „Monster“ на Јапонецот Хироказу Коре-Еда и „Le Retour“ на Французинката Катрин Корсини.
За „Златната палма“ се натпреваруваат вкупно 21 филм, а меѓу режисерите во конкуренција се и седум жени, што е рекорд за овој филмски фестивал. Со деветчленото жири на фестивалот претседава Рубен Остлунд, кој минатата година ја доби втората „Златна палма“ за филмот „Triangle of Sadness“.