ФОТО: Флорентино Перез го пречека Ѓоковиќ пред Ел Класико

Новак Ѓоковиќ/фото: EPA-EFE/RAY ACEVEDO

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ присуствуваше на „Ел Класико“ на стадионот „Сантијаго Бернабеу“.

Реал Мадрид направи голем и важен чекор кон освојување на титулата во шпанскиот фудбалски шампионат триумфирајќи против Барселона (3:2).

Српскиот ас пред натпреварот беше пречекан од претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез во просториите на „кралскиот“ клуб.

Реал Мадрид сето ова го објави на својот Инстаграм профил и немаат практика вака често да прават, па и покрај тоа што во текот на кариерата создаваше ривалство со нивниот навивач и сонародник Рафаел Надал, тие му покажуваат огромна почит.

Перез му подари дрес на Ѓоковиќ, првиот светски рекет е познат како голем љубител на спортот, а сака да гледа натпревари во живо секогаш кога му дозволуваат обврските.

Ѓоковиќ во понеделник навечер ќе присуствува на свечената церемонија за наградата Лауреус. Тој е номиниран во категоријата најдобар спортист на годината. Веќе четири пати ја освојуваше оваа престижна награда, а како што пишува шпанскиот весник „Марка“, тој е првиот фаворит да биде лауреат. Минатата година освои три Грен слем турнири (Австралија опен, Ролан Гарос и УС Опен), а играше и во финалето на Вимблдон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот