
ФОТО | Фиби од „Пријатели“ се збогува со Чендлер: Благодарам што се појави дури и кога не се чувствуваше добро
По речиси две недели од смртта на Метју Пери, членовите на актерската екипа од популарниот ситком „Пријатели“ со емотивни објави се збогуваа од актерот.
Препорачано
Откако Мет Лебланк и Кортни Кокс, Џенифер Анистон и Дејвид Швимер се простија од својот пријател и колега Метју Пери, преку социјалните мрежи се огласи и актерката Лиса Кудроу, која ја глумеше Фиби Буфе во серијата „Пријатели“. Таа преку својот инстаграм-профил сподели дел од прекрасните моменти со Метју.
„Ти предложи да играме покер и го направи многу забавно кога се зближувавме. Ти благодарам за тоа. Ти благодарам што ме насмеа толку многу што ме болеа мускулите од смеење и секојдневно ми течеа солзи по лицето“, се присети Лиса во описот на фотографијата со Пери.

Актерката истакна дека Метју бил исклучително професионален во работата и секогаш расположен за разговор.
„Ти благодарам за топлото срце, односот меѓу нас шестмина навистина бараше компромис. И благодарам за разговорите. Ти благодарам што се појави на снимањето дури и кога не се чувствуваше добро. И тогаш се истакна. Ти благодарам за најдобрите 10 години што можев да ги имам. Ти благодарам што ми веруваше. Ти благодарам што познавајќи те научив што е благодат и љубов. Ти благодарам за времето што го поминав со тебе, Метју“, напишала емотивно актерката.
Кон крајот на минатиот месец Пери беше пронајден мртов во својот дом во Лос Анџелес. Тој имаше 54 години.
На 30 октомври, главните ѕвезди на серијата објавија заедничко соопштение во кое бараа време за „процесирање на оваа неразбирлива загуба“.
Тие тогаш напишаа: „Сите сме крајно уништени од загубата на Метју. Бевме повеќе од обични другари од актерската екипа. Ние сме семејство. Има толку многу да се каже, но токму сега ќе одвоиме малку време да тагуваме и да ја процесираме оваа неразбирлива загуба“.
Зошто „пријателите“ го напуштија погребот на Метју Пери? Не присуствувале на приватната церемонија
Зошто „пријателите“ го напуштија погребот на Метју Пери? Не присуствувале на приватната церемонија