
ФОТО | Фатиле џиновски алигатор и поставиле државен рекорд: Има повеќе од 4 метри и 360 килограми
Група американски ловци од Мисисипи поставија нов државен рекорд, откако фатија алигатор долг преку 4 метри и тежок над 360 килограми. Тој беше извлечен од реката Јазу во саботата, на вториот ден од сезоната на лов на алигатори во Мисисипи, пишува „Њујорк пост“.
Препорачано
Според Одделот за див свет, рибарство и паркови во Мисисипи, вкупната должина на алигаторот била 4,3 метри, со обем на стомак од неверојатни 167 сантиметри, а тежел дури 364 килограми.

Должината на алигаторот го надмина претходниот рекорд, од 4,2 метри и тежина од 347 килограми, кој го држеше рептилот уловен во 2017 година.
Четворицата ловци Танер Вајт, Дон Вудс, Вил Томас и Џои Кларк, седумчасовната борба со алигаторот ја опишуваат како „ментално исцрпувачка“.
„Го фативме осум-девет пати, но постојано бегаше од нас. Знаеше што прави. Луда работа е што остана на истото место“, објасни еден од ловците.

Инаку, на ловците во Мисисипи им е дозволено да ловат алигатори во одреден период од годината, со цел да се намали нивниот број во земјата. Најмногу се ловат во близина на населените места, бидејќи постојано има поплаки дека алигаторите ги јадат локалните животни, особено кучињата.
Напорот на државните институции, да се дозволува ограничен и регулиран лов на алигаторите, сега резултира со стабилна популација на овие животни во Мисисипи.
Во продолжение погледнете го видеото: