Фото: - / INSTAR Images / Profimedia

ФОТО | Ема Стоун шокираше со појавата на црвениот тепих: Фустан полн со пуканки и најкратка можна фризура

Ема Стоун и Дејв МекКари синоќа присуствуваа на јубилејното шоу на американската емисија „Сабота вечер во живо“ (СНЛ) во Њујорк.

СНЛ прослави 50-годишнина, а по тој повод организираше специјална епизода. Актерскиот пар се погрижи да остави најдобар впечаток на црвениот тепих, а тоа го постигнаа со автентични модни изданија.

Оскаровката Ема Стоун за оваа пригода облече гламурозен црвен фустан, а целиот стајлинг немаше да привлече толкаво внимание на јавноста доколку актерката не одлучеше да го надополни со интересни детали.

 


Креацијата која го носи потписот на француската модна куќа „Луј Витон“ ја красат предимензионирани џебови, а Ема најде начин да ги надополни со – пуканки.

Стоун ставила и интензивен црвен кармин, создавајќи впечатлив монохроматски момент.

Својот стајлинг го заокружила со црвени чевли со високи потпетици и нова фризура во популарниот пикси стил. Оваа фризура беше уште еден шок за јавноста, бидејќи актерката со години негуваше долга коса.

 


Што се однесува до коментарите на дежурните критичари на социјалните мрежи, имаше најразлични.

И додека некои коментираа  дека „не е духовита, туку непријатна за гледање“, други ја поддржаа оваа автентична облека.

„Многу имагинативна и храбра“, „Пуканките во џебовите се совршени за концептот на шоу како СНЛ“, беа само некои од позитивните коментари.

 

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by FCC Daily (@fccdaily)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот