Фото: Инстаграм/ nicolescherzinger

ФОТО | Една од најзгодните жени на планетата ги покажа aтрибутитe: Никол Шерцингер изгледа како вајана

Никол Шерцингер важи за една од најубавите жени на светот, а никогаш не се срамела да го покаже тоа! Пејачката често објавува провокативни фотографии и снимки, па неодамна повторно ги израдува своите обожаватели со серија разголени слики.

Никол Шерцингер овој пат ги „запали“ страстите на својот Инстаграм профил со фотографии од егзотичниот одмор во кој ужива со својот вереник Том Еванс.

Пејачката 46-годишна девојка позираше во минијатурно тиркизно бикини кое ги истакна сите нејзини атрибути – бујни гради, целосно рамен стомак и затегнати нозе. Се гледа дека Никол не излегува од теретана.

Фото: Инстаграм/ nicolescherzinger

Иако таа ги објави фотографиите пред само два часа, тие собраа повеќе од 30.000 лајкови, но и бројни комплименти. „Ох, изгледаш божествено“, „Самиот Бог те извајал“, „По ѓаволите, жено, навистина гориш“, „Ти си божица“, „Ти си кралица засекогаш“, „Какви фотографии“, се само неколку во море од слични коментари.

Инаку, Никол ја должи својата совршена фигура на внимателно дизајнираната рутина за вежбање, а кога е исхраната во прашање, таа тврди дека јаде сѐ, но умерено и со акцент на поздрави видови храна. Исто така, таа се грижи секој нејзин оброк да содржи избалансиран сооднос на масти, јаглени хидрати и протеини. На пример, јаде тост од авокадо со пржени јајца и чаден лосос или здрава овесна каша со шумски плодови.

Кога станува збор за вежбање, оваа позната убавица практикува речиси секојдневни вежби во теретана, 20 минути кардио тренинг, планинарење, јога, кревање тегови…

Фото: Инстаграм/ nicolescherzinger
Фото: Инстаграм/ nicolescherzinger
Фото: Инстаграм/ nicolescherzinger
Фото: Инстаграм/ nicolescherzinger
Фото: Инстаграм/ nicolescherzinger

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот