
ФОТО | Џенифер Анистон ја објави првата фотографија од новото момче: Се шушка и за венчавка
Дека холивудската миленичка Џенифер Анистон (56) е вљубена не е веќе тајна, но сега одлучила сè да потврди во нова објава на својот профил на Инстаграм! Преку галерија од фотографии, таа открила како го поминала летото, а не можела да ја изостави романтичната вечер со својот нов сакан.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Она за што се пишуваше цело лето, Џенифер Анистон одлучи да ни го потврди на наједноставен начин – со фотографија! Актерка од јули ја поврзуваат со хипнотерапевтот Џим Кертис, откако беа забележани заедно додека беа на одмор во Шпанија во друштво со нејзините блиски пријатели.
Во својата нова објава на Инстаграм, каде што сподели низа летни спомени, Џенифер меѓу фотографиите со Кортни Кокс, Сандра Булок, Адам Сандлер и Џејсон Бетман, но и со своите кучиња, вклучи и еден романтичен спомен со новиот партнер Кертис.
Со краток опис „Ти благодарам лето“, актерката ги документирала моментите полни со пријателства, релаксација и леснотија на летото.
Посебно внимание привлече седумнаесеттата фотографија – силуетата на главата на Џим снимена одзади, додека тој седи на плажа и го гледа зајдисонцето. Може ли да биде поромантично од тоа?
Инаку, Кертис веќе го запознаа пријатели на популарната актерка, па открија дека Анистон е многу среќна, но и дека се шушка за венчавка.
Извори блиски до актерката велат дека Кертис целосно ја освоил. Нивната врска се развива изненадувачки брзо, а актерката верува дека тој е личноста со која би можела да го дели животот.
Според изворите, двојката веќе прави планови за интимна свадба во Кабо, а многумина се прашуваат дали Анистон малку избрзала…
Како што тврди „Сан“, новото момче на актерката често е во финансиски проблеми. Иако разликата во нивниот живот и деловната и финансиската стабилност е забележлива, Кертис ја уверил Анистон уште на почетокот дека е подготвен за сериозна врска и заеднички живот.
Џенифер Анистон за ранливиот период по разводот со Бред Пит: „Медиумскиот хаос ми остави трауми!“
Џенифер Анистон ужива во љубовта, додека нејзиниот партнер води битка со долгови