Двејн Џонсон и Емили Блант во Венеција/ Фото: EPA-EFE/TOLGA AKMEN / Фото: Mark Cape / Zuma Press / Profimedia

ФОТО | Двејн Џонсон „Карпата“ шокираше со изгледот во Венеција: Ослабел 30 килограми, погледнете како изгледа…

Сите го познаваат холивудскиот актер Двејн Џонсон, познат и како „Карпата“, како исклучително мускулест човек кој изгради име во светот на забавата и спортот токму со помош на својата импресивна фигура. Легендарниот борач и актер беше познат по своето силно и огромно тело кое со години доминираше на екранот, особено во акционите филмови.

 


Но, овој викенд Карпата ги изненади сите на Филмскиот фестивал во Венеција со својот нов изглед!

„Карпата“ бил значително потенок и послаб, а откриено е дека тежи околу 108 килограми, речиси 30 килограми помалку од вообичаеното.

Таа драстична физичка трансформација била дел од подготовката за неговата нова главна улога во биографската драма „Машината за кршење“ (The Smashing Machine), во која го игра легендарниот борач и мајстор за мешани боречки вештини Марк Кер.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Just Jared (@justjared)


За разлика од неговите претходни улоги во акционите и забавните франшизи, оваа претставува негов голем пресврт кон посериозна и подлабока емоционална слика за ликот, што исто така привлече и шпекулации дека тој ќе се најде и во конкуренцијата за Оскар оваа година. Навистина голем пресврт, зарем не?

Џонсон изјави за „Холивуд репортер“ дека оваа трансформација долго време била една од неговите желби додека чекал можност за посериозен и посложен лик:

„Имав голема среќа што ја имав кариерата што ја имав низ годините и што ги снимав филмовите што ги снимав, но имаше само глас во мене, мал глас што рече: Што ако би можел да направам повеќе – и сакам да направам повеќе – и како би изгледало тоа?“

Двејн Џонсон и Емили Блант на Филмскиот фестивал во Венеција / Фото: Mark Cape / Zuma Press / Profimedia

И се чини дека „Карпата“ успеа во својата идеја бидејќи длабочината и автентичноста на неговиот лик ги допреа и публиката и критичарите во Венеција, каде што филмот доби 15-минутни овации, поради што тој дури и се расплака. Покрај него, на црвениот тепих и во филмот беше Емили Блант, која ја толкува улогата на сопругата на Марк Кер, надополнувајќи ја емотивната димензија на оваа моќна приказна.

„Карпата“ се расплака на Венецијанскиот филмски фестивал: Актерот доби 15-минутни овации за новиот филм!

Поради премногу антибиотици, Двејн Џонсон имал проблеми со варењето: „Ми рекоа дека имам пропустливи црева“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!