Фото: GNK Dinamo Zagreb

ФОТО: Динамо со емотивна порака се збогуваше со Адеми

Аријан Адеми повеќе нема да биде дел од Динамо Загреб, откако хрватскиот фудбалски гигант официјално се збогуваше со македонскиот репрезентативец преку емотивна објава на социјалните мрежи.

Адеми заминува како најтрофејниот фудбалер во историјата на клубот, со вкупно 24 титули, 13 во првенството, седум во Купот на Хрватска и четири Суперкупа. Во дресот на „модрите“ запиша 430 официјални настапи, што го поставува на второто место по број на одиграни натпревари во историјата на клубот.

„Драг Аки, ти благодариме за сѐ и среќно во новиот предизвик. Вратата на твојот Динамо секогаш ќе ти биде отворена“, напишаа од клубот во објавата на социјалните мрежи.

Според информациите од хрватските медиуми, следна дестинација на Адеми ќе биде унгарскиот прволигаш Ујпешт, каде што треба повторно да соработува со поранешниот тренер на Динамо, Дамир Крзнар.

ВИДЕО | Стефан Ристовски веќе не е фудбалер на Динамо Загреб

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот