Фото: Инстаграм/ irinashayk

ФОТО | Дали ја препознавате? Најжешката манекенка на светот објави фотографии од детството

Една од најатрактивните жени на светот и најпопуларните манекенки на денешницата Ирина Шајк (38) ги воодушеви своите над 23 милиони следбеници со фотографии од детството и тинејџерските денови.

Таа покажа како изгледала како 16-годишна девојка додека седела на мотор, а со своите следбеници сподели и фотографија кога имала само неколку години. На третата фотографија ја покажа и својата мајка Олга, а следбениците ѝ пишаа дека многу личат една на друга.

Фото: Инстаграм/ irinashayk

– Секој Русин го имаше овој тепих на ѕидот – напишаа следбениците, алудирајќи на фотографијата на која манекенката позира со својата мајка, додека во позадина се гледа дезенот на тепихот на ѕидот.

Ирина е Русинка по раѓање, таа е родена на 6 јануари 1986 година во Јеманжелинск, а нејзиното целосно име е Ирина Валериевна Шајхлисламова. Започнала да се занимава со манекенство во 2004 година во Москва, а две години подоцна се преселила во Париз и постепено постигнува меѓународен успех.

Фото: Инстаграм/ irinashayk

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот