
ФОТО | Дали ги препознавате: Двете сестри денеска се пејачки!
Двете сестри познати на македонската музичка сцена се меѓусебна поддршка во секоја смисла. Тијана Дапчевиќ и Тамара Тодевска, се двете слатки девојчиња на фотографија која ја сподели Тамара денеска на својот инстаграм -профил.
Препорачано
На прв поглед, на споделената фотографија изгледа како да станува збор за Вук (синот на Тијана) и Хана (ќеричката на Тамара), генетиката бездруго не е шега!
View this post on Instagram
Имено, Тамара на својот инстаграм профил ја сподели оваа ретро-фотка со сентиментална честитка за роденден за својата постара сестра Тијана, а во објавата напиша:
„Ти да не беше, немаше да ме има ни мене. Мојот прв идол и пример. Моја најдобра другарка и најголема пoддршка. Те сакам сестре. Бескрајно.
Среќен роденден. Да победиш на Беовизија и да одиме пак на Евровизија.
Биди здрава, среќна, сакана и успешна.“
Фотографијата веднаш привлече многу лајкови и позитивни коментари, а Тијана во нејзин стил, ѝ возврати на сестра и со коментарот:
„Те сакам мори брееее! Едвај чекам да те гушнам, ЕД -ВАЈ!“, со многу емотикони со срциња и љубов.
Навистина е убавина кога две сестри иако не живеат во ист град, иста земја, си покажуваат толку голема почит и поддршка една на друга.
Среќен роденден Тијана!